Isuzu Interliner CNG – Автобус на годината 2022

Anadolu Isuzu ја доби наградата “Автобус на годината” за 2022 година на меѓународниот “Sustainable Bus” натпревар, една од најпрестижните награди во автобуската индустрија со моделот Interliner, кој е пионер во сегментот, благодарение на својата еколошки прифатлива CNG технологија.

Anadolu Isuzu, веќе препознатливиот бренд за комерцијални возила, го продолжува својот глобален успех со своите иновативни и еколошки прифатливи возила. Interliner CNG, е развиен од страна на Anadolu Isuzu да одговори на најдобар можен начин на потребите на купувачите на меѓународниот пазар. Токму овој модел беше номиниран во сегментот на Меѓуградски автобуси во рамки на изборот “Sustainable Bus Award”, организиран од страна на 7 признати магазини за комерцијални возила, кои се објавуваат во Италија, Франција, Англија, Германија, Шпанија, Романија и Словенија.

Жирито составено од меѓународни експерти ги оценуваше номинираните кандидати земајќи во предвид широк ранг на критериуми почнувајќи од дизајнот, потрошувачката на гориво, стандарди на емисија и безбедност, па се до комфор, бучава, можност за рециклирање на материјалите и генерално еколошката определба на производителите. Isuzu Interliner CNG беше оценуван заедно со уште неколку силни кандидати во сегментот на Меѓуградски автобуси и ја понесе наградата “Автобус на годината 2022”.

Isuzu Interliner: еколошки прифатлива опција за транспорт

Isuzu Interliner CNG, со должина од 13метри, е првото возило од овој сегмент, произведено во Турција, а еден од трите водечки бренда во Европа кои нудат решенија во овој сегмент. Благодарение на неговиот CNG мотор 100% компатибилен со природен гас, успеа да ја намали емисијата на гасови на прифатливо ниво, како и да оствари предност во однос на заштедата на гориво.

Interliner CNG, исто така се истакнува и со својот голем багажен простор. Interliner кој има зафатнина на багажниот простор од 7.5 кубни метри, благодарение на удобноста и функционалноста кои ги нуди може да понуди услуги како во сервисниот, така и во туристичкиот транспорт.

Развиен во R&D центарот на Anadolu Isuzu и опремен со smart сигурносни системи, Isuzu Interliner прави разлика во својот сегмент со карактеристики како повеќефункционалната инструмент табла и системот за дијагностика на дефекти. Interliner исто така се истакнува со аеродинамична линија, лед дневни светла, дигитална инструмент табла и иновативни линии и е добитник на “Gold A” наградата за дизајн во 2020 година.

Технички карактеристики Isuzu Interliner/Kendo.

Останати новости

Аутомакедонија со електричен автобус

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt во Македонија.

5 AВТОБУСИ ЗА ТЕТОВО

На свечена манифестација, во присуство на градоначелничката на општина Тетово и министерот за финансии, Аутомакедонија и официјално ги претстави и предаде новите 5 автобуси со

НОВИОТ ISUZU D-MAX ПРИСТИГНА

Најпродаваниот пикап камионет во нашата земја – Јапонскиот ISUZU D-Max, пристигна во Скопје! Првите единици се веќе во салонот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода,

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner