Аутомакедонија со електричен автобус

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус - Isuzu NovoCITI Volt во Македонија.

Вовед во урбаната електромобилност

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt и во Македонија. NovoCITI VOLT се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а завршниот настан се случи на 07.10.2022 во главниот град, со презентација на NovoCITI VOLT пред локалните оператори и претставниците на бизнис секторот.

Во рамки на промотивната тура, Аутомакедонија и NovoCITI Volt ја поддржаа и еколошката акција “Куманово мој зелен дом”, организирана од страна на Општина Куманово. Во оваа акција беа посадени дрва кои ќе пораснат во нови бели дробови на градот, а NovoCITI VOLT со своите 0% емисија на CO2 придонесе превозот да биде 100% еколошки и без никакво загадување на околината.

Возејќи се во овие 7 града и 23 населби од нивната непосредна околина, повеќе од 2000 граѓани имаа можност “од прва рака” да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.

Со својот електричен мотор и импресивниот дизајн, NovoCITI VOLT претставува најкомпетентно решение на пазарот кога станува збор за 0% емисии, ниска бучава и модерен концепт, кои се највисоко рангирани меѓу општинските приоритети во градскиот јавен превоз.

Локалните власти и операторите можат да ги искористат предностите на богатата палета на достапни опции на NovoCITI VOLT во зависност од нивните оперативни барања. Високо маневрирачки со должина од 8 метри, NovoCITI VOLT е лесен за оперативна примена дури и во најурбаните градски средини. Голема предност која го издвојува NovoCITI VOLT се ниските оперативни трошоци и максималната ефикасност. Покрај бенефитите за операторите и локалните власти, NovoCITI VOLT им обезбедува пријатно возење на патниците со својата пространа и удобна внатрешност и комплетната бесшумност. Опсегот на Volt достигнува до 350 km благодарение на своите батерии со високи перформанси со капацитет од 268 kW, што го прави сериозен конкурент и во меѓуградскиот транспорт на патници.

Иднината на градскиот и меѓуградскиот транспорт е тука – Isuzu Novociti Volt!


Компанијата Аутомакедонија оваа година го прославува своето 75 годишно постоење на нашиот пазар. Со обележувањето на овој значаен јубилеј, Аутомакедонија воедно ја истакнува и својата стратешка определба за обезбедување на комплетна поддршка на електричната мобилност во сите сегменти на автомобилската индустрија, обезбедувањето на соодветна инфраструктура и фокус кон обновливи извори на енергија.

Останати новости

Model 3 на Tesla максимално оценет на EuroNCAP

Model 3 постигна извонреден резултат од 97% во категоријата за заштита на возрасни патници, што е највисокиот резултат некогаш постигнат на тестирањата според новиот протокол.

Isuzu Interliner CNG – Автобус на годината 2022

Anadolu Isuzu ја доби наградата “Автобус на годината” за 2022 година на меѓународниот “Sustainable Bus” натпревар, една од најпрестижните награди во автобуската индустрија со моделот

5 AВТОБУСИ ЗА ТЕТОВО

На свечена манифестација, во присуство на градоначелничката на општина Тетово и министерот за финансии, Аутомакедонија и официјално ги претстави и предаде новите 5 автобуси со

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner