Off Road авантура со SsangYong

Ги поканивме новинарите од најреномираните автомобилиски медиуми кај нас, на несекојдневно претставување на гамата на SsangYong.

Ги поканивме новинарите од најреномираните автомобилиски медиуми кај нас, на несекојдневно претставување на гамата на SsangYong.

Овој пат решивме, водечките модели од гамата да ги претставиме во малку поинаков амбиент, надвор од градскиот асфалт и да покажеме што тие навистина можат и знаат не само во град, туку и на терен.

SsangYong потекнува од Кореа и е еден од најстарите производители на SUV теренски возила, па Оff road турата која ја организиравме до винските насади на Барово, беше совршена можност корејското мајсторство да го видиме и на дело.

За ова патување ги одбравме веќе докажаните теренци – Korando во верзија со мануелен менувач и погон на предните тркала, како и во поопремена верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, пикап-от Musso Grand, а за прв пат го претставивме и првиот целосно електричен SUV во гамата на SsangYong – Korando e-Motion.

Наша дестинација се винските насади на Барово, каде нашите SUV модели се соочија со предизвикувачки земјени патишта, нерамна подлога, стрмни искачувања и водени препреки.

Убави изненадувања донесе пикапот Musso, со кабина просторна колку кај СУВ од виша класа, а пак со голем товарен простор назад. Но, најважното е во „лимузинскиот“ карактер на пикапот. Додека повеќето пикапи амортизираат тврдо, без еден тон врз задната оска, но и ги покажуваат ограничувањата на решението на крута задна оска со надолжни листести пружини, во поглед на страничната сила во свијоци, Musso вози суверено и безбедно. – Дарко Јаконов, Аутомедиа

Електричниот погон лесно го совладува нерамниот пат од Барово до Кавадарци а потоа тивко и комфорно се возиме по автопат кон Скопје. Корејскиот електричен SUV помина повеќе од 300 километри со полни батерии без никаков проблем. – Андреја Јарчевски, CarClub

На отворен пат највеќе се истакнува смиреноста на агрегатот и минималната бучава во кабината, посакуваната брзина лесно се достигнува, благодарение на веселите 163 КС и одлично пресметаниот автоматски менувач, поставеноста на патот е уверлива благодарение на интегрираниот систем на сите тркала, а управувачот делува доста прецизно. – Автомагазин за Korando 4×4

Воопшто не се чувствувате дека возите волку голем автомобил кој има должина од преку 5 метри и не толку аеродинамично тело. Со последното освежување, SsangYong успеале да го доведат Musso до совршенство. – Виктор Чемеригиќ Cars by Vik

Останати новости

SsangYong го претставува новиот SUV Torres

Претходник на новиот дизајнерски јазик „Powered by Toughness“ Името на моделот инспирирано од Националниот парк Патагонија Понaтамошен раст преку првиот SSangYong во класата Јужнокорејскиот бренд

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner