SsangYong го претставува новиот SUV Torres

  • Претходник на новиот дизајнерски јазик „Powered by Toughness“
  • Името на моделот инспирирано од Националниот парк Патагонија
  • Понaтамошен раст преку првиот SSangYong во класата

Јужнокорејскиот бренд буди жед за авантура со новиот SsanygYong Torres: Моделот развиен под проектното име Ј100 е чист теренец кој ја најавува новата дизајнерска филозофија “Powered by Toughness”. Првите слики и видеа даваат прв впечаток за возилото кое најпрво ќе пристигне ова лето во Кореја, а потоа во Европа, во 2023 година, во целосно електрична верзија.

Името говори сé!

Како модерна интерпретација на препознатливото и автентично наследство на марката, теренецот покажува силна доза на робусност. Ова дополнително го издвојува Torres од урбаните soft-SUV модели на конкурентите. Напред го краси вертикална, самоуверено дизајнирана маска, додека во задниот дел се наоѓа своевиден носач на резервното тркало кој го пренесуваа карактерот на вистинско теренско возило.

Инспириран од националниот парк Torres del Paine, кој се протега преку разни планини, глечери, езера и реки во Патагонија во јужниот дел на Чиле, новиот SsangYong Torres е наменет да пренесе чувство на авантура, слобода и робусност. Новообјавените фотографии се предвесник на дизајнот и идниот дизајнерски јазик на SsangYong.

Внатре, патниците имаат корист од пространата внатрешност и одлично искористениот простор. Бројните практични функции го прават Torres совршен придружник за рекреативни активности како што се кампување и прошетки во природа.

Нов пазарен сегмент со Torres

“Со Torres ја пополнуваме празнината помеѓу теренците со средна големина, како Korando и поголемите модели во сегментот D/E, како Rexton. Со овој чекор, создаваме дополнителен пазарен сегмент кој ни отвора нови можности за раст, особено ако последователно ја развиваме палетата на производи”, објаснуваат претставниците на SsangYong.

Производството на новиот SsangYong Torres започна во Јуни 2022 – паралелно со почетокот на преднарачките на домашниот пазар во Кореја. Новиот SUV се очекува да дојде во Европа на крајот на следната година како електрично возило (сега со проектно име U100).


		

Останати новости

Off Road авантура со SsangYong

Ги поканивме новинарите од најреномираните автомобилиски медиуми кај нас, на несекојдневно претставување на гамата на SsangYong.

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner