Model 3 на Tesla максимално оценет на EuroNCAP

Model 3 постигна извонреден резултат од 97% во категоријата за заштита на возрасни патници, што е највисокиот резултат некогаш постигнат на тестирањата според новиот протокол.

Највисок вкупен резултат според новиот протокол на Euro NCAP.

Во Tesla дизајнот на возилата е процес кој континуирано се унапредува со цел дури и најсигурните автомобили на патиштата да се направат уште посигурни. Model 3 е последниот автомобил на Tesla кој доби оценка за сигурност од 5 ѕвездички од Европската програма за оценка на нови возила, Euro NCAP.

Во рамки на ова тестирање, Model 3 доби највисок вкупен резултат помеѓу сите возила кои се тестирани според најновиот, најстрог протокол за испитување. Овој резултат се темели на способноста на Model 3 да ги заштити возрасните патници, децата и ранливите учесници во сообраќајот, како велосипедистите и пешаците, како и на евалуацијата на неговите безбедносни системи.

Model 3 исто така постигна извонреден резултат од 97% во категоријата за заштита на возрасни патници, што е повторно највисокиот резултат некогаш постигнат на тестирањата според овој протокол. Оваа оценка е добиена по серија тестирања на предни, странични и задни удари, заедно со анализа на неколку други сигурносни атрибути, како што се спасување, извлекување и сигурност после удар.

EuroNCAP користеше нови возила Tesla Model 3, произведени со најновите производствени техники и безбедносни карактеристики.

Far-side airbag: Овозможува дополнителна заштита при странични удари, посебно во случаите кога седат два патници напред. Ова воздушно перниче се отвара помеѓу предните седишта како би се спречиле повреди на главата кои можат да настанат при меѓусебен контакт на патниците.


Систем за набљудување на возачот, заради избегнување на судир: користи директен надзор за откривање на расеаност кај возачот и автоматски ја прилагодува чуствителноста на системот за предупредување од можен преден судир, за да биде пореактивен.

Кочење при повеќекратен судир: Автоматски го активира системот за кочење по сударот, како би се спречил секундарен судир.

Најдобар резултат за Tesla Vision

Model Y води со резултат од 98% и во категоријата Safety Assist на Euro NCAP. Овој резултат е постигнат со возилата опремени со Tesla Vision – систем на камери за надзор, со невронско мрежно процесирање на податоците, кој сега доаѓа како стандард на сите возила испорачани во Северна Америка и Европа.

Дополнително, автоматското кочење во итни случаи бележи континуирани подобрувања во случаите при возење во рикверц, кога на патот ќе се најде некој од најзагрозените учесници во сообраќајот.

Model Y исто така освои максимални поени при оценка на Lane Support системот. Овие системи помагаат да се намали ненадејното скршнување од лентата, што според EuroNCAP е една од главните причини за несреќи и фронтални судири.

Според Tesla, највисоките добиени оценки некокаш на EuroNCAP тестирањата, претставуваат дополнителен предзвик, автомобилите кои веќе важат за едни од најсигурните на патиштата, да ги направат уште посигурни.

Останати новости

Аутомакедонија со електричен автобус

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt во Македонија.

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner