Традиционално, по шести пат Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ЗМСТАС – ЗА НАС на 12ти мај ја организираше Свечената академија во чест на Меѓународната недела на сестринството.
Во присуство на голем дел од членовите, соработниците и добронамерниците на Унијата и сестринската професија домот на АРМ во Скопје беше целосно исполнет со позитивна енергија.
Настанот го отвори оперската певица, сопранот Серафина Фантузо со химната на Македонија.
Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ за шест години успеа да сплоти над 6000 членови и секоја година токму во нивна чест ја организираат свечената академија каде се одаваат и признанија на луѓето кои се најзаслужни за афирмирање и развој на сестринството во нашата земја.