Најголемиот производител на гуми е “LEGO”?

Дали знаете дека најголемата гума на светот тежи околу 12 тони и е висока 80 стапки? 10 несекојдневни факти за овој секојдневен производ.

1. Robert William Thomson e Шкотски пронаоѓач,  кој во 1846 година ја создал првата пневматска гума, но по неговата смрт, неговиот изум бил заборавен. Во 1888 година,  John Boyd Dunlop ја оживеа идејата за пневматска гума  со пронајдок наречен „пневматски обрач’’. Тој станал многу познат како креатор на пневматскатa гума.

2.Во првите 25 години гумите се продавале во бела боја, подоцна  производителите почнале да додаваат јаглен за да го подобрат квалитетот и да го продолжат животниот век на гумите. Така, гумите почнале да се бојат и да добиваат црна боја.

3.Најголемата гума на светот тежи околу 12 тони и е висока 80 стапки, моментално e лоцирана во Allen Park, Michigan, USA.

4.Најголемиот производител на гуми е LEGO. Компанија која произведува над 300 милиони мали ЛЕГО гуми годишно.

5.Според големите производители, гумите коишто биле произведени пред повеќе од десет години треба да се отстранат од употреба и да се заменат со нови,  дури и ако длабочината на шарата не ја достигнала минималната длабочина на абење.

6.Најскапите гуми произведени во светот се создадени во Дубаи компанијата Z Tires. Тие биле украсени со дијаманти и 24-каратно злато. Цената за комплет од 4 вакви гуми изнесува  дури 600.000 долари.

7.Секоја година во светот се произведуваат повеќе од 1,6 милијарди нови гуми, а околу 1 милијарда отпадни гуми се фрлаат. Сепак, само 100 милиони успеваат да се рециклираат.

8.Во 1839 година, Charles Goodyear за прв пат открил вулканизација. По спроведувањето на различни експерименти, тој открил дека кога гумата се загрева и се меша со сулфур, на местото на допир се формира цврста грутка, развивајќи конзистентен систем. По ова откритие се произведувале гуми на индустриско ниво.

9.Производителите на пневматици тврдат дека гумата може да помине 80 km со брзина од 80 km/h. Според некои експерти, доколку возите со 65 km/h наместо 80 km/h, километражата на вашата гума може да се удвои.

10.Во 1904 година, Walter and Tom Davies ја измислиле првата резервна гума. Во тоа време, автомобилите се произведувале без резервни тркала. Гумата станала толку успешна што браќата основале своја компанија наречена Stepney Spare Motor Wheel Limited.

Останати новости

Ја одбележавме Меѓународната недела на сестринската професија

Традиционално, по шести пат Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ЗМСТАС – ЗА НАС на 12ти мај ја организираше Свечената академија во чест на Меѓународната недела на сестринството.

5 AВТОБУСИ ЗА ТЕТОВО

На свечена манифестација, во присуство на градоначелничката на општина Тетово и министерот за финансии, Аутомакедонија и официјално ги претстави и предаде новите 5 автобуси со

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner