SsangYong Musso ја доби наградата „Најдобар пик-ап во категоријата на носивост“ во рамки на изборот за автомобил на годината „What Car“? во 2022
Наградуваниот Musso е изграден на истата платформа како и водечкиот модел на брендот Rexton. Неговота конструкција заедно со погонот на четри тркала резултираат во исклучително силно возило кое обезбедува одлични off road. Musso е исклучително компетентен повеќенаменски пик-ап кои ги носи вредностите на SsangYong до срж. Сеопфатно опремен, со водечка гаранција од 5 години или 100.000 изминати километри, со изненадувачко ниво на префинетост во внатрешноста и со одличнен инфозабавен сиситем.
Musso пик-ап е придвижуван од истиот мотор e-XDi220 кој се наоѓа во Rexton и испорачува максимална моќност од 181ks при 4.000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 420Nm при 1.600 до 2.600 вртежи во минута. Достапен е со 6-брзински автоматски менувач.
Steve Huntingford, уредник на What Car? ,,Доколку ви e потребно возило за сите услови на сите терени, тоа е Мusso. Неговата влечна моќ далеку ја надминува од онаа на многу поскапите ривали, па дури и со целосно оптоварен, тој е способен да влече приколка со сопирање од 3,5 тони. Ова е уште поимпресивно ако се земе во предвид дека неговата максимална носивост е повисока во однос на било кој негов конкурент. Сепак позади неговиот мускулест изглед се наоѓа пријатно завршен ентериер со просторна внатрешност за патниците’’.
Дизајниран e со цел на патниците да им е удобно, исто така безбедно пренесува товар. Musso базиран на SUV комбинира каросерија со пет седишта во кабина и платформа за утовар во којашто комотно собира Euro палето со полна големина. Исто така има носивост од над 1 тон и истовремено влече приколки до 3,5 тони со што се постигнива најголема вкупна носивост во сегментот. Оваа комбинација на пик-ап и SUV значи дека Musso нуди совршен спој на функционалност, практичност, перформанси и удобност на возачот или за колегите.
Kevin Griffin управен директор на SsangYong Motor UK, изјавува: „Ние сме апсолутно воодушевени што ја освоивме наградата на ,,Whatcar?’’- со Мusso три години по ред. Ова е одличен резултат кој не само што целосно ги поддржува квалитетите и способностите, туку и вредноста на брендот“.
Musso е исклучително добро опремен во споредба со другите пик-апи, а покрај тоа нуди одличен простор, кожните седишта Nappa може да се најдат на врвот на гамата за дополнителен луксуз и удобност. DAB радио и поврзувањто со Bluetooth се вклучени во сите нивоа на опрема. Додека сите, освен почетниот модел, имаат најсовремен инфозабавен систем кој вклучува Apple CarPlay и Android Auto.
ЗА КРАЈ
Автомобилите SsangYong се произведуваат во Јужна Кореја од страна на SsangYong Motor, кој се во 74 проценти, во сопственост на индискиот инженерски конгломерат Mahindra & Mahindra. SsangYong е најстариот производител на возила во Кореја основан во 1954 година, и специјализиран производител на 4×4 и SUV возила.