Новата, четврта генерација на SsangYong Korando е комплетно нова интерпретација на модерните вредности на корејскиот специјалист за оф-роуд и 4×4 возила, па и покрај жестоката конкуренција, се чини дека овој SUV има голем потенцијал во Европа.
Покрај дизајнерската свежина која го прави Korando робустен, но и привлечен, корејскиот SUV напредуваше сериозно од секој аспект, посебно истакнувајќи ја технолошката еволуција остварена преку големите инвестиции на SsangYong.
Купувачите ќе бидат позитивно изненадени од фактот што во својот автомобил ќе добијат 10,25-инчна дитигална инструмент табла и 9,2-инчен централен екран, амбиентално осветлување, па и врвна конективност која подразбира интеграција на Apple CarPlay и Android Auto.
Меѓуоскиното растојание стигна до 2,68 метри, бројка која гарантира солиден простор и на задната клупа, а што да каже има и багажникот со почетниот капацитет од 551 литар, уште еден од елементите кои одат во корист на Korando и кои веќе им ги претставивме на читателите.
Целосните LED светла и електриката на седиштата го подобруваат впечатокот, а тоа важи и за моторите кои се достапни со 136 кс (дизел) и 163 кс (бензин), со можно комбинирање со автоматска трансмисија и погон на четири тркала.
SSangYong се погрижи да остави силен впечаток и во однос на безбедноста, па новиот Korando ја вклучува Deep Control технологијата, за без проблеми да стигне до пет ѕвездички на Euro NCAP тестот кои се веќе официјализирани.
Пакетот безбедносни системи функционираат со помош на камера и радар, а тоа подразбира и полу-автономно возење за кое Корејците велат дека е на средина меѓу второто и третото ниво.
Deep Control технологијата е вистинска гордост на брендот со 65-годишна традиција, а ова се само дел од системите со кои ќе располагаат возачите, a кои се дополнети со седум воздушни перничиња и посебна цврстина на автомобилот.
Текстот е превземен од порталот Ауто Фокус.