5 најскапи дефекти кај автомобилите

Најчесто, дефектите на автомобилот можат да се избегнат со редовно сервисирање, но постојат и такви на кои не можеме да влијаеме со своето однесување и возачки навики. Без разлика во која група спаѓаат, дефектите од 1000 или од неколку десетици илјади, воопшто не се пријатни, а овде ќе наведеме неколку од најскапите.
Возило со отворена хауба

Дефекти на моторот

Хаварија на моторот е ултимативна ноќна мора на секој сопственик на автомобил. Не е важно дали е тоа постар или понов, поскап или поевтин модел.

Во позадината на овој модел кога е во прашање нередовно одржување често се наоѓа запчестиот ремен: ако не се смени на време, неговото кинење ќе го предизвика добро познатото хорор-сценарио со удирање на клиповите во вентилите, а зависно од конкретниот случај и оштетување на водилката, како и на клиповите на самата глава на моторот.

Во секој од наведените случаи, сопственикот може да смета на дефект од неколку десетици илјади денари, што значи дека во пракса понекогаш е поисплатливо и поедноставно да се замени целиот мотор.

Наша препорака: “Големиот сервис” никогаш не треба да се одлага, ниту прескокнува.

Менувач

Автоматските менувачи некогаш беа реткост, но денеска се секојдневие на голем број на возачи. Постојат повеќе видови, од класични, преку оние со континуирано променливи односи на пренос (CVT), па се до брзи, ефикасни и софистицирани менувачи со две спојки (DCT, PDK, EDC…).

Сите тие, освен удобноста во секојдневното возење имаат заедничка уште нешто – доколку дојде до посериозни проблеми, поправката чини многу.

Причините за дефектот најчесто се во недоволната количина на масло во менувачот или неговата ненавремена промена, односно, повторно, во нередовното одржување.

Диференцијали

Истото важи и за друга витална компонента на автомобилот, без која возењето како шрто го знаеме и уживаме секој ден не би било возможно.

Диференцијалот чија задача е да овоможи тркалата на иста оска да се вртат со различни брзини, исто како и горенаведените делови бара соодветно подмачкување за негово правилно функционирање. Што значи и овде, во најголемиот број случаи клучот е во редовното сервисирање , односно замена на маслото во пропишаните временски интервали.

Компресор за клима уред

За разлика од моторот и менувачот, автомобилот можеме да го користиме без фукнционален клима уред. Барем теоретски.

Доколку проблемот е некој од очекуваните, тогаш проверка на притисокот, вадење на остатоците од старите течности и нивно дополнување и замена со нови, како и замена на филтерот и дезинфекција, се доволни во повеќето случаи кога системот за климатизација се одржува редовно.

Но, ако дојде до поголеми проблеми, како на пример целосно затнување на системот, во најлош случај ќе биде потребна целосна замена на компресорот, а таквата операција може да чини и 30.000 денари.

Воздушни перничиња

За разлика од горните примери, воздушните перничиња не можат да се расипат како резултат на нередовно одржување, но нивната замена секако важи за еден од најголемите издатоци со кои можат да се соочат сопствениците на возилата.

Перничињата, секако е потребно да се заменат со нови, доколку дошло до активација на оригиналните, што значи во случај на судар.

Трошоците за замена се значајни, заради тоа што во замената треба да се вклучат и делови или целосна арматура, појаси, сензори и самата конторлна единица, која сама по себе скоро никогаш не чини помалку од 40.000 денари.

Останати новости

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner