5 причини зошто да ја дезинфицирате климата во вашиот автомобил?

Постојат многу причини зошто е препорачливо периодично да направите чистење и дезинфекција на клима уредот во автомобилот, прочитајте кои се основните 5.
Green Energy Car

Доколку сакате да бидете сигурни дека вашиот автомобил е во топ форма, а кабината здрава и безбедна средина за патување, редовната проверка на клима уредот треба да биде на врвот на вашите приоритети.

Постојат многу причини зошто е препорачливо периодично да направите чистење и дезинфекција на клима уредот во автомобилот, овде ќе ги наброиме основните 5.

  • Број еден причина е елиминирањето на микроорганизмите, вирусите и бактериите. Клима уредот, како и сите канали и отвори за вентилација се вообичаено место за акумулирање на нечистотија и размножување на бактерии и микроорганизми. Воздухот слободно циркулира низ сите овие канали и отвори, како и внатре во кабината, при што патниците стануваат изложени на присуството на вируси, бактерии и микроорганизми. Затоа е препорачливо, ако не и неопходно да напаравите длабинско чистење на клима уредот и системот за вентилација, на секои 6 месеци. На пазарот постојат разни средства со кои ова може да го направите и самите дома, но за темелно чистење и дезинфекција, ќе биде потребно да посетите професионален сервис.  
  • Чистење на филтерот за полен. Полен филтерот е еден од најзанемарените филтри во автомобилиот, највеќе заради неговите “поважни браќа” – филтерот за масло, филтерот за гориво и филтерот за воздух. Полен филтерот ги заробува честичките како полен, прашина или честичките од издувните гасови, го спречува нивното навлегување во системот на вентилација на автомобилот и ја прави внатрешноста на автомобилот поздрава. Чистиот полен филтер ги намалува симптомите на алергија (кивање, кашлање, солзење на очите), ги штити патниците од надворешните загадувања и ги минимизира непријатните миризби. 
  • Дезинфекција на клима уредот за да се спречи појавата на мувла и габички. Слично како со микриоорганизмте, вентилациските отвори и канали се плодна почва и за појава на мувла и габички. Нечист и дезинфициран систем за вентилација ќе доведе до циркулација на овие микроорганизми внатре во кабината за патници, што може да предизвика низа респираторни и здравствени проблеми.  
  • Чистење и дезинфекција на системот за вентилација при купување на користено возило. Доколку купувате користено возило, проверете дали скоро е направена дезинфекција на системот на вентилација или погрижете се да го направите тоа веднаш по купувањето. 

Закажете термин за дезинфекција и чистење на клима уредот во Вашиот автомобил на 02 3103 130 или на kontakt@automakedonija.com.mk

Останати новости

Возило со отворена хауба

5 најскапи дефекти кај автомобилите

Најчесто, дефектите на автомобилот можат да се избегнат со редовно сервисирање, но постојат и такви на кои не можеме да влијаеме со своето однесување и возачки навики. Без разлика во која група спаѓаат, дефектите од 1000 или од неколку десетици илјади, воопшто не се пријатни, а овде ќе наведеме неколку од најскапите.

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner