Одбележуваме 75 години јубилеј, со целосно нов изглед!

По 75 години постоење на пазарот, под мотото „Годините не се само бројка“, Групацијата денес се збогува со постоечкиот и го претставува целосно новиот корпоративен идентитет на „Аутомакедонија“.
75 години Аутомакедонија

Јубилејното лого и мотото на „Аутомакедонија“ – „Годините не се само бројка“, ги отсликуваат долгогодишната традиција, докажаниот квалитет, како и постојаниот развој по кој сме препознатливи и успешно работиме во Македонија веќе 75 години!

Ставаме акцент на искуството стекнато со повеќедецениско постоење, новиот модернизиран корпоративен идентитет беспрекорно одговара на еволуцијата на брендот низ годините, а префинетиот дизајн кој е современ, едноставeн, а истовремено и похрабар, со колоритен дизајн, ја претставува „Аутомакедонија“ токму онаква како што е денес.

Групацијата „Аутомакедонија“ е со нов модерен изглед со кој храбро ќе движиме напред и ќе продолжиме да испишуваме нови страници успех. Отсега сме со целосно нов изглед и со мисија да обезбедиме извонредни услуги за мобилитет на клиентите, бизнисот и заедницата.

„Аутомакедонија“ бележи најдолго постоење во областа на автоиндустријата во Македонија. Oснована e во далечната 1947 година, со основна дејност – трговија со производи од автоиндустрија. Како компанија која ги следи промените и постојано ги надградува услугите што ги нуди на пазарот, денес во склоп на групацијата се вбројуваат и АМ Церт– компанија специјализирана за технички преглед, хомологација, атест, инспекција и едукација, АМ Брокер – осигурителен брокер кој посредува при сите типови на осигурување, СИЦ Битола-сообраќаен испитен центар за добивање на возачки дозволи и Ауто 1 Рент – компанија специјализирана за рент-а-кар услуги и оперативен лизинг. Во рамки на компанијата АМ Церт функционира и првото акредитирано домашно сертификационо тело од страна на ИАРМ – МКД Сертификат

Во своите 75 години постоење, благодарение на многубројните предизвици, активните залагања и посветената работа на десетици генерации вработени, „Аутомакедонија“ стекна завидно искуство и успеа да постигне напредок со кој компанијата прерасна во групација која освен трговија, опфаќа и широк спектар на услуги од автоиндустријата. Успешната приказна на „Аутомакедонија“ продолжува да се пишува, во ново руво, подготвена за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извондредна услуга во областа на мобилитетот. Годините не се само бројка – “75 години Аутомакедонија“.

Останати новости

Off Road авантура со SsangYong

Ги поканивме новинарите од најреномираните автомобилиски медиуми кај нас, на несекојдневно претставување на гамата на SsangYong.

SsangYong го претставува новиот SUV Torres

Претходник на новиот дизајнерски јазик „Powered by Toughness“ Името на моделот инспирирано од Националниот парк Патагонија Понaтамошен раст преку првиот SSangYong во класата Јужнокорејскиот бренд

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner