Јубилејното лого и мотото на „Аутомакедонија“ – „Годините не се само бројка“, ги отсликуваат долгогодишната традиција, докажаниот квалитет, како и постојаниот развој по кој сме препознатливи и успешно работиме во Македонија веќе 75 години!
Ставаме акцент на искуството стекнато со повеќедецениско постоење, новиот модернизиран корпоративен идентитет беспрекорно одговара на еволуцијата на брендот низ годините, а префинетиот дизајн кој е современ, едноставeн, а истовремено и похрабар, со колоритен дизајн, ја претставува „Аутомакедонија“ токму онаква како што е денес.
Групацијата „Аутомакедонија“ е со нов модерен изглед со кој храбро ќе движиме напред и ќе продолжиме да испишуваме нови страници успех. Отсега сме со целосно нов изглед и со мисија да обезбедиме извонредни услуги за мобилитет на клиентите, бизнисот и заедницата.
„Аутомакедонија“ бележи најдолго постоење во областа на автоиндустријата во Македонија. Oснована e во далечната 1947 година, со основна дејност – трговија со производи од автоиндустрија. Како компанија која ги следи промените и постојано ги надградува услугите што ги нуди на пазарот, денес во склоп на групацијата се вбројуваат и АМ Церт– компанија специјализирана за технички преглед, хомологација, атест, инспекција и едукација, АМ Брокер – осигурителен брокер кој посредува при сите типови на осигурување, СИЦ Битола-сообраќаен испитен центар за добивање на возачки дозволи и Ауто 1 Рент – компанија специјализирана за рент-а-кар услуги и оперативен лизинг. Во рамки на компанијата АМ Церт функционира и првото акредитирано домашно сертификационо тело од страна на ИАРМ – МКД Сертификат.
Во своите 75 години постоење, благодарение на многубројните предизвици, активните залагања и посветената работа на десетици генерации вработени, „Аутомакедонија“ стекна завидно искуство и успеа да постигне напредок со кој компанијата прерасна во групација која освен трговија, опфаќа и широк спектар на услуги од автоиндустријата. Успешната приказна на „Аутомакедонија“ продолжува да се пишува, во ново руво, подготвена за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извондредна услуга во областа на мобилитетот. Годините не се само бројка – “75 години Аутомакедонија“.