Од Tuk Tuk до Piaggio Ape

Забавна историја на превозот на 3 тркала.

Доколку читате написи коишто се поврзани со светот на комерцијалните возила и транспорт, многу често се случува името „tuk tuk“ погрешно да се поврзе со сликата на Ape, легендарното возило коешто Piaggio го произведува уште од крајот на 40-тите години. Вистина е дека двете возила возат на три тркала и имаат слична форма,  но нивната функција и јавната перцепција e сосема различна уште од нивните почетоци.

КРАТКА ИСТОРИЈА НА ТУК ТУК

Зборот Тук Тук се користи за опишување на моторцикл со три тркала на којшто е прикачен мал вагон и се користи како такси во многу градови во Азија, особено во Бангкок, кадешто денес претставува туристичка атракција.  Името Тук Тук  е всушност ономатопеја и потекнува од типичната бучава што ја создавал моторот. Тук Тук стана распространет во текот на 50-тите години, а својот успех го постигна во текот на следната деценија.

Тук Тук е моторизиран наследник на samlor, што значи (sam=три, lor=тркало, на тајландски јазик) односно, велосипед поврзан со задната кабина во која седат патниците.

Samlor, пак, е наследник на рикша (кочија влечена од еден човек со еден патник), која почна да се шири во Тајланд, откако некој богат кинески трговец му ја покажал на кралот Rama V во 1871 година. Се чини дека првата рикша била изградена во 1869 година од американскиот ковач, Albert Tolman, за мисионерот Jonathan Scobie, американски баптистички свештеник кој ја користел за да ја транспортира својата болна сопруга на улиците на Јокохама.

Англискиот термин rickshaw потекнува од јапонскиот  термин „jin-riki-sha“, што значи „возило влечено од човек“. Јапонците се првите кои ја поврзаа колата со мопед, создавајќи го првиот вистински Тук Тук за превезување луѓе. 

Патувањето низ историјата од рикша до салмор до тук-тук, покажува дека уште од самите почетоци, намената на ова возило била да презвезува луѓе во градските средини.

КРАТКА ИСТОРИЈА НА APE PIAGGIO

Ape на три тркала за првпат е произведен од компанијата Piaggio во 1948 година и стана симбол на италијанската естетика и дизајн во светот. Измислен е после војната во Италија како поевтина алтернатива на комерцијалните возила со 4 тркала. Идејата била да се задржат ниските трошоци за производство и да се обезбеди прифатливо возило за сиромашната земја, зафатена од војната.

Првите модели биле изградени на веспа, на којашто била влечена мала приколка. Поради оваа причина, луѓето почнале да го нарекуваат VespaCar. Овој термин сеуште се користи во земјите од француското говорно подрачје.

Од самиот почеток, моделите на Piaggio имале комерцијална функција и биле наменети за компании и независни сопственици на бизниси.  Ape бил наменет за транспорт на суровини, полупроизводи или готови производи,  а не на луѓе, како што бил наменет Тук Тук и неговите претходници. Единствениот модел што Piaggio го произведе за транспорт на патници во специфични околности е Ape Calessino.

Инаку, уште од првиот модел Ape A, кој личел на Vespa со сандак, преку Ape TM, Ape 50, Ape MP, па се до Ape CarVan и Ape Classic, Piaggio секогаш се фокусираше на комерцијалната употреба на Ape.

Ape Piaggio, денес повеќе од било кога е ценет од страна на трговците и компании кои ги искористуваат можностите за транспорт, благодарение на неговата иконска вредност.

МЕЃУНАРОДНИОТ УСПЕХ НА PIAGGIO – КАМИОН ЗА УЛИЧНА ХРАНА

Дизајнот и естетските квалитети на Ape Piaggio, заедно со неговата комерцијална функционалност, го прават погоден за транспорт на производи за продажба или изложување, но и за пренамена во модерни камиони за храна со професионална кујна и опрема за готвени или свежи производи. Во последните 10 години, уличната храна повторно стана тренд, не само за малите сопственици на бизниси (продавници и мобилни ресторани), туку и за поголеми компании кои ја користат уличната храна за промоција на својот бренд и зголемување на бизнисот.

Во сите овие различни контексти, Ape Piaggio се покажува како совршен спој на дизајн и функционалност: транспортирање, изложување, продажба на производи или услуги со елеганција и сигурно визуелно влијание, а каде и да се појави го привлекува вниманието и интересот на минувачите.

Останати новости

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner