300 камиони Piaggio Porter за Италијанската пошта

Јануари 2022.

Во изминатите неколку недели Piaggio Group ја започна испораката на 300 лесни комерцијални возила Porter NP6 за Италијанската пошта, Poste Italiane наменети за испорака на пошта и пратки до нивната конечна дестинација. Возилата почнуваат со работа на самиот старт на годината.

Piaggio Porter NP6 е произведен од страна на Piaggio Group, во фабриката во Понтедера, Италија и е првиот градски камион кој претставува комбинација на компактни димензии, извонреден товарен капацитет и еколошки мотори. Надграден со специјалниот cargo box со волумен од приближно 4 кубни метри, Porter NP6 се покажа како идеално решение кое ги исполнува сите барања за овој тип на набавки: лесно товарно возило, со лесна маневрабилност, товарен капацитет поголем од 0.5 тони и комбинирани еколошки мотори.

Компактните димензии (кабината е широка само 1.64 метри) и новите Euro 6D комбинирани мотори на бензин/плин и бензин/метан со зафатнина од 1.498 кубни сантиметри го прават Piaggio Porter NP6 идеален урбан камион за испораки до крајните корисници и за транспорт на стока на кратки и средни растојанија.

Комбинираните мотори се достапни во две верзии, во зависност од намената: Short Range, за кратки растојанија, наменети пред се за употреба во урбани средини и Long Range, за активности каде што е потребна поголема автономија и поголем товарен капацитет.

Во споредба со претходниот модел, новиот Porter NP6 е наменет за поширока публика, овозможувајќи 30% поголема носивост и импресивни опции за надградба.

Во поглед на капацитетот на рамката, верзиите со единечни тркала на задната оска поддржуваат до 1.275kg, додека верзиите со двојни тркала надминуваат 1600 kg, превезуваат товар над сопствената тежина и одржуваат тежина на тлото не поголема од 2.800 kg.

Повеќе информации на www.piaggio.com.mk

Останати новости

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner