SsangYong Musso прогласен за пик-ап со најдобра носивост, според ,,What Car?”

SsangYong  Musso ја доби наградата „Најдобар пик-ап  во категоријата на носивост“ во рамки на изборот за автомобил на годината „What Car“? во 2022.
SsangYong Musso

SsangYong  Musso ја доби наградата „Најдобар пик-ап  во категоријата на носивост“ во рамки на изборот за автомобил на годината „What Car“? во 2022

Наградуваниот Musso е изграден на истата платформа како и водечкиот модел на брендот Rexton. Неговота конструкција заедно со погонот на четри тркала резултираат во исклучително силно возило кое обезбедува одлични off road. Musso е исклучително компетентен повеќенаменски пик-ап кои ги носи вредностите на SsangYong до срж.  Сеопфатно опремен,  со водечка гаранција од 5 години или 100.000 изминати километри,  со изненадувачко ниво на префинетост во внатрешноста и со одличнен инфозабавен сиситем.

Musso пик-ап е придвижуван од истиот мотор e-XDi220 кој се наоѓа во Rexton и испорачува максимална моќност од 181ks при 4.000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од  420Nm при 1.600 до 2.600 вртежи во минута. Достапен е со 6-брзински автоматски менувач.

Steve Huntingford, уредник на What Car? ,,Доколку ви  e потребно возило за сите услови на сите терени, тоа е Мusso. Неговата влечна моќ далеку ја надминува од онаа на многу поскапите ривали, па дури и со целосно оптоварен, тој е способен да влече приколка со сопирање од 3,5 тони. Ова е уште  поимпресивно ако се земе во предвид  дека неговата максимална носивост е повисока во однос на било кој негов конкурент. Сепак позади неговиот мускулест изглед се наоѓа  пријатно завршен ентериер со просторна внатрешност  за патниците’’.

Дизајниран e со цел на патниците да им е удобно, исто така безбедно пренесува товар. Musso базиран на SUV комбинира каросерија со пет седишта во кабина и платформа за утовар во којашто  комотно собира Euro палето со полна големина. Исто така има носивост од над 1 тон и истовремено влече приколки до 3,5 тони со што се постигнива најголема вкупна носивост во сегментот. Оваа комбинација на пик-ап и SUV значи дека Musso нуди совршен спој на функционалност,  практичност, перформанси и удобност на возачот или за колегите.

Kevin Griffin управен директор на SsangYong Motor UK, изјавува: „Ние сме апсолутно воодушевени што ја освоивме наградата на  ,,Whatcar?’’- со Мusso три години по ред. Ова е одличен резултат кој не само што целосно ги поддржува квалитетите и способностите, туку и вредноста на брендот“.

Musso е исклучително добро опремен во споредба со другите пик-апи, а покрај тоа нуди одличен простор, кожните седишта Nappa може да се најдат на врвот на гамата за дополнителен луксуз и удобност. DAB радио и поврзувањто со Bluetooth  се вклучени во сите нивоа на опрема. Додека сите, освен почетниот модел, имаат најсовремен инфозабавен систем кој вклучува Apple CarPlay и Android Auto.

ЗА КРАЈ

Автомобилите SsangYong се произведуваат во Јужна Кореја од страна на  SsangYong Motor, кој се во 74 проценти, во сопственост на индискиот инженерски конгломерат Mahindra & Mahindra. SsangYong е најстариот производител на возила во Кореја основан во 1954 година, и  специјализиран производител на 4×4 и SUV возила.

Останати новости

Off Road авантура со SsangYong

Ги поканивме новинарите од најреномираните автомобилиски медиуми кај нас, на несекојдневно претставување на гамата на SsangYong.

SsangYong го претставува новиот SUV Torres

Претходник на новиот дизајнерски јазик „Powered by Toughness“ Името на моделот инспирирано од Националниот парк Патагонија Понaтамошен раст преку првиот SSangYong во класата Јужнокорејскиот бренд

DЕЕP CONTROL ТЕХНОЛОГИЈА КАЈ KORANDO

Новата, четврта генерација на SsangYong Korando е комплетно нова интерпретација на модерните вредности на корејскиот специјалист за оф-роуд и 4×4 возила, па и покрај жестоката

WordPress Cookie Plugin by Real Cookie Banner