И оваа година Аутомакедонија со својот бренд SsangYong е горд покровител на фестивалот Охридско Лето.
Чест и гордост ни е што трета година по ред го поддржуваме овој значаен настан за македонската култура, кој 63 години овозможува реномирани уметници од целиот свет да гостуваат и настапуваат пред македонската публика во Охрид.
Отварањето на 63-тото издание на најголемата музичка манифестација во Македонија и регионот започна со гламурозниот концерт на светски познатата оперска дива Ангела Георгиу, која настапи во придружба на Оркестарот на Националната Опера и балет, под диригентската палка на маестро Чипријан Теодорашку од Романија.
Почетокот на 63-тото издание на „Охридско лето“ беше означен со традиционалниот фестивалски оган што го запали директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ и интонирање на фестивалската химна напишана од еден од најпознатите македонски композитори Томислав Зографски, како и со кревање на фестивалското знаме кое заедно со огнот ќе бидат препознатлив симбол на фестивалските денови во наредните 40 дена.